Вести Македонија

(Во живо) Изрекување пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Во основниот кривичен суд во Скопје денеска според најавите треба да биде изречена пресудата во случајот со ракометарот Денис Тот. За кривичното дело убиство се гонат обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Согласно обвинителниот акт, тие се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го претепале до смрт хрватски државјанин.

На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар. Одбраната побара ослободителна пресуда за обвинетите бидејќи според нив станува збор за обична тепачка, а не за убиство со умисла. Обвинителката пак остана на барањето за осудителна пресуда во случајот.

На последното рочиште полномошникот на законскиот застапник се приклучи на завршниот збор на обвинителката и предјави оштетно побарување за сите соодветно, во износ од 9 милиони денари.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе