Вести Македонија Топ вести

Бектеши во „Топ тема“: Не може во една институција со 14 сектори, сè да потпише министерот

Не може во една институција со 14 сектори, сè да потпише министерот. Прво, не може да постигне да потпише стотина лиценци, документи, известувања, одлуки, мислења. Значи треба да се делегира и одговорноста и работата на директоратите, на стручните лица кои таа работа ќе ја завршат согласно законските одредби, законските акти, правилници и регулативите кои произлегуваат законите за кои е надлежно едно министерство“, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на најавениот почеток на пилот проектот за реорганизација на јавната администрација.

Министерството за економија е едно од трите кои, како што нагласи Бектеши, доброволно се пријавија за учество во пилот проектот за реформи на јавната администрација што е финансиран од Европската Унија. Останатите две се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

„Долго е работено на оваа тема. Економија, Земјоделие и МИОА доброволно покажаа интерес да бидат институции од пилот проектот кои ќе почнат со реорганизација. Проектот е целосно финансиран од Европската Унија, со цел да имаме поквалитетни јавни услуги, со помалку трошоци и воедно да се зголеми степенот на професионалност на државната администрација, да има подобри услуги и за граѓаните и за бизнис секторот. Во Министерството за економија сум кажал и ќе повторам дека треба да се направи ваква реорганизација“, истакна Бектеши.

Министерството за економија, конкретно, во моментот е институција која покрива 14 сектори и има осум агенции. До 1 јули во 2023 година ќе треба да се реорганизира во пет директорати, четири агенции да се спојат во две, два инспектората во еден и да има унифициран економски регулатор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе