Вести Македонија Топ вести

„Алтернатива“ против влез на „Алијанса“ во владата, не дава министри

„Алтернатива„ не ги дава министерските позиции за кои се пазарат ДУИ и СДСМ со Алијанса за Албанците. Нив, велат,  треба да ги отстапат тие на кои им гори под нозете од „Огнената група„ кои се закануваат дека ќе формираат посебна пратеничка група. Не гледаат причина за нов коалиционен партнер во владејачкото мнозинство, кое според нив и вака добро функционира.

Од петокот се шпекулираше дека од „Алтернатива„ се бара да ги отстапат ресорите Здравство и Министер без ресор, од причина што дел од сопартијците се незадоволни од министерот Сали. Извори и од „Алијанса за Албанците„ потврдуваат дека разговорите не одат така лесно, дека никој не сака да попушти, а сите сакаат да добијат.   ДУИ, наводно,  се подготвуваат да се откажат од министерствата за животна средина и за образование. Едното да ѝ го отстапат на „Алијанса„, а другото да го заменат за ресорот правда. СДСМ, пак, не сакаат да се откажат од бројот на министерски места, но се расположени за рокада иако премиерот упорно тврди дека се` уште не се разговара за ресори.

Според наши извори, премиерот петочната средба со в.д претседателот на Алијанса, Арбен Таравари ја завршил со зборовите: „Се` ќе зависи од партнерите„., што се чини дека добива потврда со последните случувања.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе