Вести Македонија

Ако од Скопје до Битола се патува повеќе од 7 часа, тогаш Македонија мора да е навистина голема земја

Пет децении стари локомотиви ги влечат вагоните. Издржуваат одвај 100-на километри, па потоа со часови стојат во место. Вчера на македонските пруги се случи нов рекорд. Поради блокада на пругата од расипан товарен воз, патниците од Скопје за Битола патувале околу 10 часа. Овој инцидент е уште еден од низата кои на истата релација се случуваат изминатиов период. Студентите кои начесто го користат овој превоз доцнат на предавањата поради честите дефекти.

Досега ниту едно раководство не успеа да стави крај на децениските проблеми во железница. Недостаток на кадар, дотраени пруги и возен парк се одговорите за честите инциденти кои со години ги даваат првите луѓе во железница.

Огромен проблем е недостаток на кадар, и поради тоа во моментов се ангажирани како советници сите оние кои од скоро се заминати во пензија да обучуваат млади инжењери. Ова е проблем и во регионот. Освен нови пруги, потребни се европски пари за реконструкција и на старите пруги на целиот Балкан, се вели во дописот од МЖ Инфраструктура.

Уште еден проблем се и долговите и загубите со кои се бори железница. Околу 6 милиони евра МЖ Транспорт должи за струја и наскоро може да се соочи со тотален мрак.

Претпријатието е и на листата на загубари, а како решение за ова претпријатие се споменуваше и приватизацијата. Се отвара прашањето, дали државата ќе го спаси овој сектор или од железница ќе прогласат тотален колапс.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе