Вести Македонија

Мицкоски за повикот на Османи: Tребаше да нѐ викнат и да направиме стратегија пред да ги потпишат капитулантските договори

ВМРО-ДПМНЕ ќе почека да види како ќе се одвиваат работите во Владата, па потоа ќе донесе одлука дали ќе и подаде рака на власта за евроинтеграцискиот процес, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, додавајќи дека немаат доверба „во соговорникот од другата страна“ и дека власта доцни три години со своите намери.

Не гледам сериозен соговорник од другата страна на кој би можел да се потпрам и во кој би можел да имам доверба. Затоа велам да почекам да видиме како ќе се развиваат работите во Владата, па дури потоа да видиме со какви соговорници можеме да соработуваме. Овој соговорник се покажа како соговорник на кој за жал не можеме да се потпреме, рече Мицкоски.

Според него, власта како вообичаено доцни две-три години во своите намери и повторно нешто се нуди за што се нема јасен концепт. Тоа, додаде Мицкоски, е обид за дефокус од одговорноста којашто се бара за министерот за надворешни работи од неговата партија.

Да почекаме да видиме како таму ќе се одвиваат работите, па дури тогаш ќе можеме да говориме за некакви планови во иднина. Но, она што можам да го заклучам како одговор на ова прашање е дека доцнат и наместо она надмено одбивање кога ние подадовме рака, требаше да размислат дека е потребно ВМРО-ДПМНЕ, затоа што не може да опстанат без ВМРО-ДПМНЕ. И тоа се гледа, без поддршката на ВМРО ДПМНЕ се неуспешни, а вака се уште повеќе не успешни, изјави Мицкоски.

Според него, соработката со ВМРО-ДПМНЕ требало да биде понудена пред да бидат потпишани, како што ги нарече, „овие капитулантски договори“.

Јас повикував да направиме пет тима да седнеме да направиме стратегија и врз основа на таа стратегија понатаму да делуваме. Ние, гледате еден од тимовите е веќе ефективен, овој којшто помага во економијата и во енергетиката и покрај тоа што тие тогаш надмено одбија, неодговорно и незрело би рекол, рече Мицкоски, кој обвини дека власта дозволила прекршување на Декларацијата од Парламентот и „почеток на асимилација и бугаризација на македонскиот народ“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе