Вести Македонија

Дојава за бомба го блокираше јавниот сообраќаен превоз во Скопје

Дојава за бомба изутринава го запре јавниот сообраќај во Скопје. Полициски возила го блокираа депото на ЈСП во Ѓорче Петров, а вработените стоеја пред капијата и не беа пуштени да влезат внатре.

Внатре во депото, полициски специјални единици ги проверуваа автобусите. По завршена проверка, еден по еден автобусите се враќаа на нивните линии. Оваа 24-ка се врати во сообраќајот за жителите на Кисела Вода. МВР соопшти кој е заканувачот со бомбата.

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И.  вработен во ЈСП,  по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други  служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите, велат од МВР.

Автобусите по дојавата беа исклучувани во утринскиот шпиц. Патниците кои ги употребиле своите билети, наместо превоз добиле информација од возачите дека нема да возат без да им биде кажана причината за тоа.

Граѓаните изреволтирани и испаничени бараа начин како да пристигнат до своите работни места, болници, училишта, факултети.Тоа направи хаос во сообраќајот, дел од нив тргнале пеш, а дел незнаејќи што се случува останале да го чекаат јавниот градски превоз.

Возачите на автобусите откако ги симнале патниците се упатија кон депото на ЈСП во Ѓорче Петров и Автокоманда, каде антитерористичка единица ги проверуваше автобусите. Бомба не најдоа, а приведениот тврдел дека неговите закани не биле вистински.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе