Вести Македонија Топ вести

Кирил Лешочки прогласен за светец, ќе се празнува на 25 март

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.

Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија  г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод  чиноначалствува со службата.

Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов.

Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите.

Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука.

-Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а  датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент.

Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин.

-Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија.

Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.

На церемонијата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на својот Фејсбук профил напиша дека за него ова претставува неизмерна чест и задоволство што присуствувал на канонизација за Светител на Кирил Лешочки, а воедно и одбележување на 10 години хиротонија за епископ на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј”.

-Денеска, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со чинот на канонизација, со кој чиноначалствуваше Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, и со Света Божествена Литургија, го вброи во редот на светиите, Свети Преподобен Кирил Пејчиновиќ, македонски просветител и црковен деец, не само на просторите на тетовско-гостиварската епархија, туку и пошироко, низ целата држава, напиша Спасовски на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе