Вести Македонија

Ниту има оган, ниту пламен во ДУИ, тврди Ахмети, но, ќе има ново претседателство на партијата

За десетина дена ќе се избира ново претседателство на Демократската унија за интеграција, најави лидерот Али Ахмети, по речиси 6 часовни разговори со членовите на т.н. огнена група, која побара реформи во партијата. На Централното собрание покрај тоа отчет за сработеното ќе дадат и министрите, по што партиските органи ќе одлучат како ќе постапат по барањата за нивна смена, но и барањето за смена на првиот вицепремиер Артан Груби.

Ахмети во изјавата за медиумите, придружуван од Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети, Невзат Бејта и Садула Дураку, рече дека нема оган и дека во ДУИ секогаш се почитувало различното мислење.

Денеска имавме разговор со долгодишните соработници со кои сум минал во многу важни процеси, во многу успеси. Разговаравме. Дебатата во суштина се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има централно собрание на кое ќе се разговара за политичката ситуација, ќе се избере новото Претседателство и ќе има отчет на владиниот состав на ДУИ. Нема оган, нема пламен. Никогаш немало напори за истиснување, за војување или за гаснење на различното размислување и тоа е карактеристика на ДУИ. До вистинските одлуки секогаш сме доаѓале со меѓусебно почитување. Значи оган нема и нема да има, изјави Ахмети.

Ова е втора средба од ваков вид. Пред неколку дена Ахмети се сретна и со членови на ограноците на Сарај и Чаир.

Повод за ваквите средби е писмото кое „огнената група“ го достави до раководството на партијата во кое побарале да се формираат партиските тела и одлуките да се носат во партиските органи. Тие побараа и смена на владини министри и на Артан Груби.

Иако во јавноста излезе информација за иницијатива за интерпелација на Груби, БЕСА за сега не планира да поднесува интерпелација, но во иднина не ја исклучува таквата можност. Инаку нивниот поранешен член, пратеникот Кастриот Реџепи, се приклучи кон т.н. огнена група.

Данијела Билбиловска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе