Вести Македонија Топ вести

Штрајкува само мал дел од матичните лекари, уверува министерот Сали и повикува да не водат политички битки на грбот на пациентите

Не штрајкуваат сите матични лекари туку само еден мал дел од нив, е ставот на министерот за здравство на вториот ден од штрајкот.

Ова е наспроти тврдењата на Здружението на приватни лекари од каде што тврдеа дека најголемиот дел од матичните се приклучуваат на бојкотот на работата.

А, во меѓувреме и денес како и вчера не се издаваат рецепти и упати во ординациите и вратата е отворена само за итните пациенти.

Министерот Сали повикува за решенија на маса и без директна штета на пациентите.

„Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел. Тоа се 25% од матичните лекари. Две од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во бојкотот на работата во којшто жртви се пациентите и тие го извлекуваат подебелиот крај, а не системот. Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк“ изјави министерот за здравство, Беким Сали.

Во здравствените установи денес тивко и мирно, гужви нема, а најголем дел од пациентите се информирани дека матичните доктори не работат. Знаат и зошто.

Некои исто како министерот повикуваат да не се водат битки на грбот на пациентите, а други пак, им ги оправдуваат причините за штрајк на луѓето во бели мантили.

„Нивните барања се да им се зголемат тие капитации. Сигурно имаат основ за тоа што го бараат. Меѓутоа, пациентите трпат. Тоа е проблемот. Велат дека три дена ќе штрајкуваат и ние не можеме да земеме рецепти преку матичен лекар.“

 

„Ова го прават за да им олеснат на пациентите пред сè, јас мислам дека заради тоа е овој протест.“

 

„И тие имаат право да штрајкуваат со свои барања.“

Министерот за здравство Беким Сали денес истакна дека Законот за здравствена заштита е во самиот крај на разгледување, а во него делумно се обезбедени барањата на матичните лекари – договорени со Филипче, претходникот во министерската фотелја.

Во меѓувреме, докторите во штрајк и денес и утре ќе примаат само пациенти со температура и други итни состојби.

Главни барања заради кои го бојкотираат системот се: зголемување на капитациониот бод, пациентите да бидат врзани со ординацијата, а не докторот, како и електронско здравство.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе