Вести Македонија

Почна судењето за пожарот во модуларната болница

По една година од трагедијата, стартува судскиот процес. Правдата ќе се докажува во тетовскиот основен суд.  Од тројца обвинети, двајца имале работа, поранешниот директор на Тетовска болница, Флорин Бесими седна во обвинителна клупа.

Раководните лица Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски, не дојдоа. Судот и обвинителството не превземаа мерки за отсустните и им закажаа ново соочување на 14 октомври со покани за присуство. Бесими, по излегувањето од Судот не ги избегна медиумите, побара поддршка од нив.

И покрај бројните докази на обвинителството изјави дека е убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистината. На рочиштето на се изјасни, но пред судот порача дека не е виновен.

„Се што имам да кажам за овој судски процес на трагичниот случај, ќе го кажам пред судот. Ве молам вие како медиуми, јавноста да го следи овој процес, бидејќи јас сум убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистината и само вистината. Јас затоа сум тука денеска за да ја кажеме вистината, јас сакам да се обелоденишто побрзо и да се дознае вистината за овој случај. Ќе ве замолам да бидеме внимателни и да имаме трпение, додека не почне процесот, затоа што сум убеден дека со доказите ќе ја кажеме вистината“, изјави Бесими.

Десет месеци обвинителството собираше докази за да докаже дека Бесими и Етеми  сториле „тешки дела против општата сигурност“, лекарот Вучевски „непостапувал“ според здравствените прописи за време на епидемија“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е виновно за кривичните дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Основното јавно обвинителство обвинението го темели на стручни анализи и вештачења направени од Министерството за внатрешни работи, Технолошкиот факултет, електроинжинер а помош побара и доби од германските државни истражители кои со денови го чешлаа просторот во кој беспомошно изгореа 14 луѓе.

Во извештајот на МВР беше наведено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Сомнежот за проспусти се прошири, и истражителите на Вилма Русковска од одделението за гоненше органзииран криминал и корупција отворија предмет по допрен глас.

Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава. Прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти, но по превирањата во ова обвинителство сеуште нема епилог дали и овој рпедмет ќе заврши со кривичен прогон.

Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути го зафати целиот објект, животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 посетители, а со повреди се здобија уште 12-мина.

Снимките од безбедносните камери сведочат како затекантите пациенти и роднини мешусебно си помагаат, скокајќи од прозорците се до моментот кога пламените јазици и густиот чад не го проголтаат монтажниот објект.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе