Вести Македонија Топ вести

70% од средношколците сведочеле за насилство во училиштата, а повеќе од 83% рекле дека почесто девојчињата се жртви

Алармантни податоци за меѓуврсничкото насилство во средните училишта во истражувањето што минатата година го спровела тинк тенк организацијата „ Аналитика“. 70% од испитаните ученици сведочеле на насилство во нивното училиште, а 83, 6 % кажале дека девојчињата се почесто жртви на насилство. Решение е надминување на сувопарните едукативни програми и развивање на емотивната интелигенција и емпатијата меѓу учениците преку работилчници, велат од „ Аналитика“ и вклучување на надлежните министерства за образование и за труд и социјална политика во превенцијата на меѓуврсничкото насилство.

Меѓуврсничкото насилство во средните училишта во Скопје е во пораст. За тоа говорат податоците од истражувањето од минатата година меѓу средношколците, што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“.

70% од учениците сведочеле за насилство во училиштето , но не го пријавиле зашто или не знаеле кому да кажат или не знаеле како да пријават, а да останат анонимни. 62,7 % од испитаниците потврдиле дека насилството е често или постојано присутно. 43% од учениците кажале дека наставниците ги прекинувале насилните конфликти, а 82,3% рекле дека наставниците посветуваат време за превенција на насилство.Не се работи за изолиран случај, туку за проблем кој го засега целото општество, а досегашните активности не даваат резултати, велат од „ Аналитика“.

  • Потребна е активна вклученост на сите чинители. Прво, поразителен е податокот дека 70% од децата истакнуваат дека родителите не се вклучени во решавањето на случаите на насилство. Да, точно е, голем број ученици кажуваат дека наставниците се вклучени во процесот на едукација за превенција на насилство. И 40% од наставниците се тие кои што спречуваат појава или разрешуваат насилство. Но, она што се прави до сега не е доволно- Бојана Мијовиќ- Христовска- тинк тенк организација „ Аналитика.

Девојчињата се почесто жртви на меѓуврсничкото насилство во средните училишта. Таков одговор дале 83, 6% од испитаниците. Тоа ни кажува дека сеуште сме робови на традицијата, велат од „ Аналитика“.

  • Насилството е табу тема кај нас, за жал. Да, ова е проблем на денешницата , но учениците не се доволно инволвирани во решавањето на конфликтите. Потебно е свеста да се зголеми- Бојана Мијовиќ- Христовска- тинк тенк организација „ Аналитика.

Наспроти сувопарните едукативни програми неопходно е организирање работилници за развој на емотивната интелигенција и емпатијата кај децата, вели Мијовиќ- Христовска. Таа посочува пример со организирани работилници од „ Аналитика“, со мешан етнички состав на ученици на различна возраст, каде тие играле улоги и на жртви и на насилници и можеле да ги слушнат искуствата од двете страни. Во превенцијата на насилството потребна е поактивна вклученост и на МОН, МТСП и на УНИЦЕФ, зашто 40% од вклучените средношколци во истражувањето потврдиле постоење на психолошко и сајбер насилство меѓу нив.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе