Вести Македонија

Стотина академици, соработници на МАНУ, декани, професори и историчари ги отфрлаат препораките на македонско – бугарската историска комисија

Стотина академици, соработници на МАНУ, декани, универзитетски професори и историчари во заедничка изјава која ја потпишаа со индигнација ги отфрлаат и ги сметаат за ништовни, псевдонаучни и нерелевантни за понатамошната научно – истражувачка работа препораките на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Македонија и Бугарија на историски личности. Меѓу другото сметаат дека „Препораките…“ го игнорираат фактот дека „историското право“ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено -за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

Ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско-македонска историја и претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки. „Препораките“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе