Вести Македонија

МНР: Конзулот има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија, но не и тие на здружение на граѓани регистрирано во Македонија

Министерството за надворешни работи го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола, соопштија од министерството. Тврдат дека заложба на Министерството е сите вакви примери да се решаваат институционално, согласно законските прописи и ги охрабруваат сите физички и правни лица  да ги искористат правните инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални примери на дискриминација.

Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немал право да биде присутен на увидот, бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика уште еднаш да ги охрабри сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи, се вели во соопштението од министерството.

Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе