Вести Македонија Топ вести

Во Прохор Пчински поставена спомен плочата за одржувањето на АСНОМ

Во Параклисот на манастирот Св.Прохор Пчински во Република Србија поставена е спомен плочата за одржувањето на АСНОМ во овој манастир на 2 август 1944 година.

Двојазично, на македонски и српски јазик на спомен обележјето пишува: На 2 август 1944 година на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните изабраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државноста и самобитноста на Македонскиот народ, изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија.

Државно-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и претставници од Сојузот на борците на НОБ,  денеска ќе положат венци пред оваа спомен плоча.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе