Вести Македонија

Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево

Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека од рано изутрината има уште седум – осум жаришта, каде се гледа чад, но нема активно горење.

– На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица. Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму, додаде Ангелов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе