Вести Македонија

Изработена е брошура за полесно носење одлуки за лица со интелектуална попреченост

Македонската граѓанската организација „АктивУм“ заедно со организации од европски држави изработија брошура наменета за лица со попреченост, заинтересирани за стекнување нови вештини и полесно носење на одлуки, соопштија денеска надлежните од граѓанската организација. „АктивУм“.

Брошурата за поддржано донесување одлуки на лица со посебни потреби за учење е подготвена и достапна на шест јазици: англиски и петте јазици на петте-те партнери на конзорциумот „Одлучувач“, т.е организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Литванија и Полска.

Целта е појаснуваат стручните, да се обезбедат знаења на лицата со посебни потреби за поддржаното донесување одлуки и неговото влијание врз квалитетот на нивниот живот.

– Користејќи ја брошурата, наставниците ќе имаат насока како да ги планираат обуките и работилниците со лицата со интелектуална попреченост со што ќе ја подобрат сопствената едукативна понуда, а од друга страна лицата со интелектуална попреченост на пристапен начин ќе добијат нови информации и ќе се охрабрат да се посамостојни при донесувањето одлуки. Член 12 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост се однесува на еднакво признавање пред законот, при што за нас посебно интересен е делот за деловната способност и препораките за спроведување на Конвенцијата во тој дел. Меѓутоа, додека за прашањето на деловната способност се дебатира повеќе од декада, напредокот е постепен и промените се случуваат многу бавно. Затоа, сметаме дека е неопходно е да се работи на транснационално ниво, да се учествува во оваа глобална дискусија и да се сподели со други секој резултат што може да влијае на знаењето и практиката во областа, изјави Марија Тошева од „АктивУм“.

Брошурата содржи поглавја, човекови права, кој ги предлага законите за правата, посебен осврт е даден на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост како инструмент за човекови права со јасна димензија на социјален развој. Поддржано донесување одлуки како дел од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е вклучено во брошурата и нуди информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка. Во брошурата, претставена е и апликацијата „Одлучувач“.

Проектот е тековен, се реализира во период од 29 месеци, од 15 ноември 2020 и ќе трае до 14 мај 2023 година. Финансиската поддршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе