Вести Македонија

Еден мегават оваа зима ќе биде „чисто злато“ и многу значаен за државата

Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении. Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а при крај е набавката на потребните количини на мазут и јаглен. Се апелира и до граѓаните и до институциите да штедат струја.

Од ЕСМ уверуваат дека целосно ќе ги задоволат потребите на ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕПСО. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека сите неопходни набавки се направени навремено и по поволни цени. За набавка на досега испорачаниот мазут потрошени се околу 25 милиони евра, а за јагленот околу 30 милиони евра. Доколку во текот на зимата има недостиг на енергија, како што вчера изјави Ковачевски, ќе се увезе, но тоа според него, би биле многу мали количини.

Сега пристигнуваат количества јаглен од набавките кои се вршени во март, април и мај за кои се склучени договори, а според директорот на ЕСМ дополнително ќе се набават нови количества што ќе се испорачуваат од ноември до април. Просечната цена за набавениот јаглен, како што изјави, е од 55 до 62 евра по тон, а на берзата чини од 90 до 120 евра за тон.

Во функција ќе бидат ставени сите домашни капацитети кои произведуваат електрична енергија. Покрај двата блока на РЕК Битола, се очекува во функција да биде ставен и третиот блок за кој е склучен договор за набавка на нов трансформатор и се поправа и стариот. Како што изјави Ковачевски, очекувањата се дека во октомври ќе биде ставен во функција.

Со прогласувањето на кризната состојба во август се очекува да почнат да се имплементираат и барањата на бизнис секторот – во текот на зимата да не се затворат границите за увоз на електрична енергија и тоа Владата да го искомуницира со Србија и Бугарија, да се зголеми производството на електрична енергија – ТЕЦ „Неготино“ и „Те-То“ да работат во зима, а мазутот да се пушти на слободниот пазар, како и да им се овозможи на капацитетите од лесната незагадувачка индустрија полесно и легално да поставуваат фотоволтаици.

Се апелира и до граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да се насочи кон стопанството. Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика и опозицијата да биде конструктивна и да овозможи реализирање на мерките за под За да се усвои уредба, мора прво да се прогласи енергетска криза.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера пак обвини дека власта се однесува неодговорно и дека се уште нема набавено мазут и гас. – Ако така продолжат да се однесуваат неодговорно, не очекува доста тешка зима со скапи енергенси, изјави Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе