Вести Економија

Економистите во земјава очекуваат со потпишувањето на протоколот со Бугарија конечно да се засилат релациите меѓу двете земји

Вистинска економска соработка, а не само договори потпишани на хартија. Дел од експертската јавност, се надева дека со потпишувањето на протoколот со Бугарија, ќе се смират политичките тензии, а со тоа ќе се зацврстат економските реалции на двете земји.

Очекуваат продлабочување на трговската размена која сѐ уште е на многу ниско ниво, зголемување на инвестирањето –  односно  домашните компании да го шират бизнисот таму,  бугарските фирми повеќе да инвестираат тука, но  и конечна реализација на инфрастуктурните проекти за кои се зборува со децении.

Ние не сме имале добра саработка, ние традиционално сме биле дел од еден друг пазар, тоа се земјите од поранешна Југославија и најчесто сме соработувале со Словенија, Србија и Хрватска. Очекувам со подобрувањето на односите во политиката,  да се подобри таа економска клима. Земјоделските производи од истокот, на кои им треба пласман да го раздвижи тој источен регион, но и улогата на Бугарија која е дел од ЕУ да биде локомотива да се привлечат кај нас повеќе инвестиции во капитални проекти и во енергетиката, вели за Телма Висар Адеми, економски експерт.

Во протоколот е нотирана соработка во различни економски области, кои се очекува допрва да се  интензивираат преку работните групи што ги формираа двете влади во јануари година.

Иако, изминативе години надлежните министерства од двете земји постојано говореа дека се работи на реализација на клучни проекти за двете држави, кои сѐ уште не се готови. Таков пример со пругата кон Бугарија, која се гради повеќе од три децении.

Овој проект повторно се споменува во протколот, со заложба дека ќе се засилат активностите за изградба на пругата. Се воведе и авиолинија Скопје – Софија, но за кратко беше укината поради економска неисплатливост.

Трговската размена пак е слаба. Бугарија ја нема на листата во први пет трговски партнери на земјава. Размената лани изнесувала 740 милиони евра. Од тука таму биле извезени стоки во вредност од 335 милиони евра, а увозот изнесувал нешто над 400 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе