Вести Македонија Топ вести

Сојузот на синдикати на УКИМ побара достоинствени плати за живот

Автономијата на УКИМ без достоинствени плати е илузија, а државата не заборави, потценувајќи го интелектуалниот труд. Ова го кажаа од Сојузот на синдикати на УКИМ,на протестот пред Ректоратот. Не го прифаќаат најавеното , како што рекоа, минимално зголемување на платите од септември и Општиот колективен договор.  Побараа потпишување нов грански Колективен договор со Собранието како основач на Универзитетот, со кој е предвидено зголемување на платите за 25% секоја година во следните 4 и потврда за тоа од Министерството за финансии , што ја чекаат веќе 3 месеци.

  • Бараме најитно да се потпише  нашиот Колективен договор за кој што преговараме повеќе од една година, за да се врати достоинството на научните работници и вработените на УКИМ. Бараме значително да се подобри нашата материјална  положба, со вистинско и систематско покачување , четиригодишно покачување на платите, за да дојдеме до достојно ниво на плати во регионот, рече претседателот на Сојузот на синдикати на УКИМ, Ангел Ристов.

Поддршка на протестот даде Ректорската управа, Сенатот и ректорот Јанкуловски.

  • Минатите години дојде до повеќекратно покачување на платите на вработените на сите степени на образование. Предучилишна возраст, основно и средно образование. Вработените на Универзитетот некако се чувствуваат занемарени. И навистина, со оглед на фактот дека плата на еден редовен професор на УКИМ е 39 000 денари, рече ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Покрај наставниот и од ненаставниот кадар на УКИМ се пожалија на платите и рекоа дека работат за двајца или тројца зашто Владата не дозволува нови вработувања.

  • Финансирањето на ненаставниот кадар изнесува од 18 до 25 000 ден. Кажете ми , како може ненаставен кадар со високо образование, вработен во високообразовна институција да има волкав износ на месечен приход? И кој со тоа во оваа држава може да опстане, праша Габриела Анастасовска, раководител на оддел за финансии при ФЛУ.

Потребно е и вложување во научно- истражувачките проекти без кои нема развој на економијата во земјава, кажа професорот Зоран Киткањ.

Барањата на Синдикатот на УКИМ се испратени до Владата, Собранието и до Министерството за образование. Доколку Владата не ги исполни во најскоро време, ќе следува нов , поголем протест пред нејзината зграда, порачаа од синдикатот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе