Вести Македонија Топ вести

Дијазепам се пие како бонбони

Македонските граѓани купуваат над 9 илјади кутии дијазепам дневно. Во првите денови од месецот побарувачката е поголема и се движи и до 15 илјади, а вчера достигна 15 илјади и 700. Последната анализа на Фондот од 2020 та година покажува дека, биле издадени 1 милион и 300 илјади рецепти, односно 450 илјади повеќе од 2014-та. Овој лек е на високото трето место на најкористени лекови во Македонија, веднаш зад еналаприл за висок притисок и метформин за дијабетес. Иако најчесто се издава  како придружна терапија за високиот притисок и срцевите заболувања,  дијазепамот е високо и на листата на лекови кои предизвикуваат физичка и психичка зависност. Неговата прекумерна употреба, според доктор Игњатова од Медицинскиот факултет, не е ништо ново и е резултат на повеќегодишната здравствена политика.

Доктор Игњатова објаснува дека, науката вели, ако на ранлив човек му се препише лек кој предизвикува зависност, има висок ризик тој и да ја развие, затоа што мозокот меморира, помни што е тоа што му направило добро, што го релаксирало, опуштило, и потоа лицето е мотивирано да ги повторува истите дејствија. Антидепресивите се многу побезбедна варијанта, но повторно поради здравствената политика, нив матичните лекари не смеат да ги препишуваат без препорака од психијатар, а нашиот народ има аверзија од психијатри.

Доктор Игњатова вели дека, со тоа што, дијазепамот со години наназад се препишува, е создадена голема група на луѓе зависни од овој лек, кои ги користат и по десет-дваесет години. Сега е многу тешко, па дури и опасно да се одвикнат, апстиненцијалните кризи се големи, зависноста  се повторува и тоа е сериозен предизвик за здравствениот систем.

Препорачува да се размислува, прво, што да се прави со штетата што е веќе направена, како да им се олесни животот на тие кои се веќе зависни од дијазепам, и второ, како да се превенира создавање на нови зависници. Потребна е построга проценка на тоа, кому може да се препише дијазепам, но и промена на  здравствената политика, односно да се дозволи да се препишуваат антидепресиви, кои се многу полесни, без препорака на психијатар.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе