Вести Македонија Топ вести

Поради хонорарите на несудената конзулка Бесмира Ејупи, ДКСК бара кривичен прогон на правобранителот Стафа и на градоначалниците Беџети, Ганиу, Пајазити и Митевски

Откако беше откриено дека за една година во 5 различни институции несудената конзулка Бесмира Ејупи заработила околу 12 илјади евра од државниот и од повеќе општински буџети, ДКСК покрена постапка, а на денешната седница донесе одлука да поднесе иницвијатива за кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети (Сарај), Висар Ганиу (Чаир), Енвер Пајазити (Брвеница) и Борче Митовски (Петровец).

Тие ги потпишувале договорите на дело со Бесмира Ејупи во 2021-вата година. Според договорите Ејупи требало да оди секојдневно на работа во повеќе институции што е и физички невозможно. Покрај тоа во извештаите за сработеното, за Ејупи било впишувана една те иста содржина. Ејупи се уште е на државна плата од парите на граѓаните во Државното правобранителство.

-Основа за овој предмет се написите кои се појавија во медиумите во однос на исплата на средства по однос на договор за дело на едно лице од повеќе институции, односно како што е познато за новинарката Бесмира Ејупи која по основ на договори за дело добивала средства од четири општини и од една државна институција. Имајќи предвид дека нашиот закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење, рече Катица Николовска член на ДКСК која на денешната седница го образложи предметот од документите што ги добиле од институциите.

Таа појасни дека до сите инволвирани институции било испратено барање да доставаат соодветна документација поврзана со овој случај. Од добиените документи, рече Николовска, се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има два договора од март 2021 и сѐ уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено едно лице.

Карактеристично, според Николовска, е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користел еден терк за секој месечен извештај.

Името на Бесмира Ејупи стана актуелно откако беше обелоденето дека иако нема никакво искуство во надворешната политика, МНР ја предложило за нареден генерален конзул во Њујорк. По реакциите на јавноста, владата и МНР беа приморани да се откажат од својата идеја, скапо платената административка да биде дипломат во „Големото јаболко“. Засега нема никаква иницијатива за враќање на парите кои ги земала од државни институции каде одговорни лица биле од ДУИ (4) и од ВМРО-ДПМНЕ (1).

2,5 милиони евра потрошени преку генералниот секретаријат на владата за авторски договори за „неавторски“ работи“-ДКСК бара кривичен прогон на Рашковски и Зекири

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе