Вести Македонија Топ вести

Заборавено и во руини училиштето каде првпат се одржала настава на македонски јазик

На 10 километри од Кичево на регионалниот пат кој води кон Охрид е селото Подвис, каде во виорот на антифашистичката  војна  во селското училиште се одржа првиот час на македонски јазик на ослободената  територија во Кичевско. До стариот и напуштен дел од  селото води земјен калив пат кој го искачивме пешки, а до зградата која е заборавена во урнатини речси и да нема пристап. Училиштето  кое     испишува значаен дел од македонската  историја, е заштитено културно наследство, но само на хартија.

Наместо храм на македонскиот јазик и писменост, училиштето во Подвис денес е руина. Иако е споменик на културата, објектот ја губи битката со времето и негрижата.

Училишната зграда  е обраснатa во вегетација, скалите  до главниот влез  се урнати,  нема врати и прозорци,  покривот прокиснува, а од училницата каде за првпат се одржа  настава на македонски јазик, се гледа небото. Ѕидовите се уриваат, подот пропаѓа, а наследниците на првите ученици,  молат училиштето да се спаси. Спомен плочата,  за да ја заштитат, мештаните ја однеле во училиштетот во новиот дел од село Подвис.

– Училиштето   целосно се распаѓа, прашање на време е и кога покривот ќе падне, оставено е на забот на времето и ако се сака може да се спаси.  Секоја зима очекуваме кога ќе падне снег дека и зградата ќе се распадне, вели Бране Гавриловски, жител на Подвис.

Наставата во училиштето  во Подвис започнала на 23 септември  1943 година, имало 22 ученика кои доаѓале и од соседните села. Одлуката на Главиот штаб на македонската народно-ослободителна војска, за отворање училишта на  македонски јазик има оргомно значење, велат историчарите

– Тоа кажува дека и пред официјално создавање на македонската држава се граделе инстутции кои биле на линија на македонската самобитност и македнскиот национален идентите. Од таа гледна точка училиштата на македонски јазик се несомнено непореклив атрибит на македонскиот национелн идентите, вели  др Алекаснадр Литовски, историчар 

Жителите во повеќе наврати иницирале да се обнови  училишната зграда во Подвис, но досега безуспешно.

– Многу иницијативи завршиле без успех. Сме барале преку градоначалниците,  Ќе дојдат ќе го погледаат улиштето, но завршница немаше досега, вели Бране Гавриловски од Подвис.

 

– Треба надлежните да преземат некои обврски, ова е од историско значење за нашето село и воопшто за нашата држава, за Македонија, вели Борче Ристевски од Подвис.

Училиштето во Подвис за споменик на културата е прогласено во 1978 година, но ниту една власт досега не  покажа интерес да го обнови симболот на македонскиот национален идентит. Од Министерството за култура велат дека во консултација со надлежните установи во областа на заштитата на културно наследство работота на иницирање на постапка за адекватен третман за сочувување на ова културно добро.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе