Uncategorized Македонија

Во тек е акција за гаснење на пожарите кај селото Тработивиште

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште.

На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна.

Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.

Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон селото.

Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.

-Ништо не е смиренео, неколкупати го потценивме овој оган и неколкупати се соочивме со многу поголеми штети од тоа што можевме или не знам дали можевме да спречиме. Сега ќе одиме пак мала екипа да се распоредиме затоа што огнот  е веќе на премногу места  и ќе се обидеме да го спречиме,  рече Димитровски.

Присустни во селото се и мештани од Трботевиште за да помогнат во натамошно ширење на пожарот кај Свети води

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе