Ковид19 Македонија Најважни

Нема ризик од ширење на индискиот сој?

Заразените со индискиот сој на корона не го пренеле вирусот на други лица во земјава, и покрај тоа што вториот случај подоцна пројавил симптоми и бил во контакт со семејството, покажала епидемиолошката анкета. Првиот заболен беше откриен на почетокот на  јуни, а претходно престојувал во Ирак, додека вториот случај е негов колега, кој се враќал со истиот лет. Министерот смирува и не планира дополнителни рестрикции или дополнителни тестови по примерот на соседните земји, ниту за лицата кои влегуваат во државата, и покрај зголемената фреквенција на туристи и иселеници, како и патувањата на навивачите.

Филипче е воздржан во однос на очекувањата од заразата со индискиот сој, но тврди дека ризикот е мал, особено за вакцинираните лица.

Околу 240 илјади граѓани во Македонија се вакцинирани со една доза, околу 200 илјади се ревакцинирани, а 180.000 пријавени се` уште чекаат вакцина.

Она што се знае за овој сој на вирусот е дека се шири со поголема брзина. Кај помладите дава полесна клиничка слика од типот на главоболка и кивавица и не се губи  сетилото за мирис и вкус, што не беше типично кај претходните соеви.

Министерот не е загрижен ниту поради журките од кои секојдневно се објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи. Тврди дека, локалите не се место каде може да се шири заразата, затоа што се полни 50 отсто од просторот, а состојбата засега е мирна.

Само во две земји во Европа не се олабавени мерките. Се работи за Велика Британија и Португалија кај кои се рашири овој сој на вирусот, додека сите останати, вклучувајќи ги и земјите од регионот, попуштаат со рестриктивните мерки. За ова е дискутирано и минатата недела, на состанокот со министрите за здравство од сите земји на Западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес и е констатирано дека епидемиолошката ситуација стивнува.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе