Вести Култура Македонија

МНТ ја загуби Малата сцена, последиците од последната поплава се уште не можат да се санираат

Македонскиот народен театар повеќе нема да изведува претстави на Малата сцена. Три седмици по поплавата од невремето што го зафати Скопје, вода навлегуваат на Малата сцена. Сликата од кренатиот теписон е разочарувачка.

Иако беше испумпувана водата, како што можете да забележите почитувани гледачи, од подот сеуште влегува вода на Малата сцена на МНТ. А, во воздухот се чувствува мирисот на влагата.

По поплавувањето на објектот во 2014 и 2017 година, од театарот за пат пат јавно проговорија за причините зошто МНТ е мета на секој пообилен дожд, од кој настрада Малата сцена.

  • Поплавата беше повеќе на Малата сцена. Оваа Мала сцена се поплавува веќе по втор пат. Ова се на некој начин аномалии во градбата и градежништвото, изјави Мила Анѓелковиќ- Односи со јавност во МНТ

Но, аномалиите не се само на Малата сцена. Се лупи мазниот абрик во фоајето на приземјето и на првиот и вториот спрат, од дождот што се собира на терасите . Од тие причини струјата е исклучена зашто вода протекува и од дупката каде првично имаше лустер, под која со години стои голема кофа, скриена зад црвениот параван. По дождот кој навлезе преку решетките и прозорците во сутеренот, театарот е хемиски исчистен , а направена е проценка на штетата од осигурителна компанија . Сега раководството чека да му кажат колкава е штетата. Ќе се прави и проценка на безбедноста на објектот.

  • Таа проценка треба да ја направат лиценцирани стручни лица. Доколку дозволат објектот понатаму да биде во употреба, ќе почнеме со претставите. И сите претстави кои се играа на Малата сцена , во договор со Управата и со режисерите кои ги режираа претставите на Малата сцена, ќе бидат префрлени на Големата сцена.

Театарот беше пуштен во употреба 2013 година. За изградбата беа потрошени скоро 40 милиони евра. А, во неа беа вклучени „ Бетон“, „ Страбаг АГ“, „ Ламоне Мореда“, „ Конструктор “ и други компании и изведувачи. Главен архитект беше веќе починатиот Јован Стефановски- Жан.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе