Вести Македонија

Пожарот над Селце ставен под контрола по пет дена беснеење

Комплетно е ставен под контрола пожарот кој речиси пет дена беснееше над село Селце, на Шар планина, а ноќеска беше проширен и над селото Ѓермо. Ренџерите на националниот парк и лицата од Дирекцијата за заштита и спасување од Гостивар, кои денес интервенираа на терен, се повлечени.

Поради тешко пристапниот и стрмен терен, во изминатите денови екипите гаснеа со грбни пумпи, лопати и метли, а беа вклучени и хеликоптери на МВР кои за два дена исфрлија 70 тони вода.

Периметарот на пожарот беше седум километри, а првичните информации говорат дека биле зафатени 219 хектари површина. Гореа ливади, букова шума, приватни имоти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пленковиќ и Пенава во името на ХДЗ и Татковинското движење потпишаа коалициски договор

Дејан Дејан

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Дејан Дејан

Ал-Хути: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе