Вести Македонија

Габер, Шопар и Савески кандидати за нов директор на Академијата за судии и обвинители

За нов претседател на Академијата за судии и обвинители се пристигнати три кандидатури, потврдија за Телма од Академијата.

За нов мандат се кандидира Наташа Габер Дамјановска, која ја водеше Академијата во последниот мандат, а на изборите во јуни повеќе членови на Управниот одбор избегнаа да гласаат за еден од двајцата кандидати (Шопар и судијката Оља Ристова) за да не се избере нов претседател и да се кандидираат други кандидати.

Судијката Емилија Шопар Јованова од скопскиот граѓански суд е втората кандидатка за директор, а за важната функција во образовниот процес на судиите се кандидираше и Ненад Савевски, судија во Основниот кривичен суд во Скопје.

До утрешниот избор, привремено и два дена в.д. директор ќе биде Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

Претходно в.д.директор беше Зоран Герасимовски кој иако е член на Судскиот совет и има акумулација на многу функции ја доби поддршката на своите колеги од УО на Академијата за судии и обвинители.

Откако ДКСК укажа дека не може директор да биде судија кому функцијата му е во мирување, Герасимовски си даде оставка.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе