Вести Македонија Топ вести

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Граѓаните се тие коишто го имаат последниот збор, така што ние ја добивме поддршката од граѓаните и добивме мандат да ги менуваме работите, порача Влатко Ѓорчев во вечерашната Топ Тема на Телма, запрашан зошто партијата и лидерот Мицкоски не го сметаат ДУИ за можен коалиционен партнер.

Оваа влада беше плебисцитарно, референдумски одбиена, не само оваа влада, туку и оваа гарнитура. Дури имате и претседател актуелен на Македонија, да се биде актуелен претседател сепак е некаква предност, нели, оној којшто е во пол позиција, има многу поголем, условно кажано, микрофон, има можност за афирмација, и резултатот од тоа е 560.000 гласови на 260.000, разликата е 310.000, најголема разлика во независна Македонија. Истото може да се каже и за владата, нашата концепција беше јасна, а тоа е дека владата на СДСМ и ДУИ не функционира, дека не ги реализираа очекувањата на граѓаните, и дека треба да заминат во опозиција. Владееја заедно, заедно треба да заминат во опозиција, рече Ѓорчев.

Пораката е јасна, продолжи тој, во демократијата нема вечни победници, и нема вечни губитници, значи секоја власт, секој партија и секој партиски лидер е минлив и менлив.

Посакуваниот владин партнер на ВМРО-ДПМНЕ е ВРЕДИ, и таквата политичка порака, според Ѓорчев, партијата ја упатила уште пред изборите.

Се работи за една конзистентна политичка порака, се работи за комплементарност на програми, се работи за тоа што можеме да го направиме како максимум и како најдобар резултат за Македонија, и едноставно во преговори од она што го имаме како платформи и програми како поединечни партии да видиме што е тоа што ќе биде конечната владина програма, којашто треба да добие поддршка во Собранието од 61 пратеник, рече Ѓорчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе