Uncategorized Вести Македонија

Бајрами: Кога се најавува укинување на Бадентер и на балансер, се создава антидржавна политика

Многу нешта се нормални во ненормални услови и ненормална држава. Тенденцијата е многу лоша, намерата е многу лоша и тенденциозно е дефинитивно, рече Наим Бајрами, министер за информатичко општество и претставник на Европскиот фронт, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во однос на постоизборната политичка врева што се крена, острите критики и обвинувања на ДУИ за изборен инженеринг.

„Нема сомневање дека се работи за класичен изборен инженеринг. На здружените политички сили на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и нивната продолжена рака, коалицијата Влен, заедно со естаблишментот, изгледа им ги помативме сметките во однос на фактот дека Европскиот фронт ќе биде втора најголема политичка сила во државата. Во ситуација во која изборниот процес е поздравен од сите засегнати страни како демократски, регуларен, легитимен, вечерта на 8 мај, кога излегуваат прелиминарните резултати, се договараат за ваков класичен изборен инженеринг, во обид да ја намалат политичка моќ и политичкото влијание што потенцијално или евентуално би го имал Европскиот фронт“, истакна Бајрами.

Нив, како што рече, „јасно и добро им се познати договорите кои се направени за намалување на политичката моќ на Еврппскиот фронт“.

„Во ситуација на завршен изборен процес, записниците се во ред, потпишани од комисионерите. Набљудувачите велат се е ОК. Излегува друга ситуација. Јасна е намерата. Го знаеме намерите, ги знаеме тенденциите, и во насока на тоа, и во одбрана на тоа, ќе делуваме со демократски методи и никакви закани. Заканите не се во однос на влоѓување на меѓуетничките односи, бидејќи како последица на тоа, таквите испади и акти што ги најавуваат идните владеачки структури, природно ќе се случуваат“, смета Бајрами.

Кога се најавува укинување на Бадентер, укинување на балансер, вели Бајрами, „вие создавате антидржавна политика“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

Дејан Дејан

Во Пакистан експлодира бомба крај пат при што загинаа пет војници

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе