Вести Свет

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Вечерва претставникот на Израел настапува на Изборот за песна на Евровизија што се одржува во арената Малмe во Шведска, поради што се одржа голем  протест против учеството на Израел  во Малме на чии што протести беше и Грета Тунберг.

-Ќе имаме распоредно многу полициски службеници изјави портпаролот на полицијата Филип Анас

-Им беше дадена дозвола за протести  бидејќи оценуваме дека може безбедно да се одржат. Доколку има некакво нарушување, ќе се справиме со тоа додаде тој.

Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.

Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучувајќи родители и деца. Демонстрантите удираа во тапани и извикуваа палестински пароли.

-Не го слушате ли детскиот плач? Не ја гледате крвта на децата? Сите деца се еднакви“, извикуваа демонстрантите.

Вечерва во близина на арената во Малме  ќе се одржи уште еден протест за против учеството на Израел.

Во 18:00 часот на друга локација во градот  ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.

-Би требало да биде весело ,ќе танцуваме ,ќе се забавуваме ,ќе се виорат знамињата на Израел и Шведска изјави Јехошуа Кауфман еден од организаторите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе