Вести Македонија Топ вести

Стомачни вируси и горнореспираторни инфекции – во ординациите „врие“ од заразени пациенти

Стомачни вируси, горнореспираторни инфекции, воспаление на крајници. Ова се само дел од причините за преполните ординации периодов.

Матичните лекари информираат дека имаат „полни раце“ работа периодов. Половина од пациентите кои затропале на врата и побарале лекарска помош или совет, се со некаков вирус.

Во просек, еден од тројца пациенти се со форма на стомачен вирус.

Дел од нив мораат и до болница.

Пациентите се третираат со витаминска терапија, антибиотици и терапија за дехидратација, вели доктор Стефановски во телефонскиот разговор за Телма.

Нема посебен начин за превенција и остануват главните препораки за одржување хигиена и често проветрување.

Пролетниот распуст на учениците дава надеж дека ланецот на зараза барем малку ќе се прекине, се надеваат матичните лекари.

Марковска Тамара

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за новата влада

Дејан Дејан

До Управниот стигнала една тужба од ВРЕДИ, ДУИ поднесе тужби за сите седум избирачки места

Дејан Дејан

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе