Вести Македонија

Стомачни вируси и горнореспираторни инфекции – во ординациите „врие“ од заразени пациенти

Стомачни вируси, горнореспираторни инфекции, воспаление на крајници. Ова се само дел од причините за преполните ординации периодов.

Матичните лекари информираат дека имаат „полни раце“ работа. Половина од пациентите кои затропале на врата и побарале лекарска помош или совет, се со некаков вирус.

Во просек, еден од тројца пациенти се со форма на стомачен вирус.

Дел од нив мораат и до болница.

„Еден од тројца или четворица има проблеми со надувување на стомакот, дијареа, повраќање,. некои дури и стигаат до состојба на дехидрирање, тие мораат да одат во болница. обично доаѓаат на преглед со високи температури кои не се намалуваат со денови. на дел од нив им даваме антибиотска терапија, а на дел од нив само витамини“, вели Д-р Љупчо Стефановски – Матичен лекар.

Пациентите се третираат со витаминска терапија, антибиотици и терапија за дехидратација, вели доктор Стефановски во телефонскиот разговор за Телма.

Нема посебен начин за превенција и остануват главните препораки за одржување хигиена и често проветрување.

Пролетниот распуст на учениците дава надеж дека ланецот на зараза барем малку ќе се прекине, се надеваат матичните лекари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Компјутерски алатки со вештачка интелигенција навлегуваат во секојдневието на човекот

Дејан Дејан

Врховниот судија фатен in flagranti со пари, се бара притвор за него, но нема докази за да бара притвор и за вториот осомничен- Јавното обвинителство објави детали за истрагата за Георгиев и Мемети

Дејан Дејан

Извршен претрес во канцеларијата на Иџет Мемети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе