Вести Свет

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Денес во Иран се одржува вториот изборен круг од Парламентарните избори, за останатите испразнети места во Парламентот на Исламската Република, откако во првиот круг од изборите во март доминираше најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на Револуционерна гарда и поврзаната милиција Басиџ, како и други политичари лојални на врховниот лидер Али Хамнеи.

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата. На изборите во март, тие освоија 200 места во Парламентот со 290 места, додека поумерените кандидати освоија 45 места. Излезноста на гласачите беше 41 отсто.

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, иако пребројувањето на гласовите во помалите изборни единици најверојатно ќе заврши порано. Иранскиот Парламент има секундарна улога во управувањето со земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за важни прашања во Исламската Република.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе