Вести Македонија Најважни

Остануваме на ваша страна за реформи и европска иднина – Макрон со честитки до Силјановска за изборната победа

Францускиот претседател Емануел Макрон и честита на Гордана Сиљановска Давкова за изборот на претседателка на државава.

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател“, напиша Макрон во објавата на неговата Фејсбук страница.

Макрон во својата објава додава дека Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.

Сиљановска Давкова, исто така во објава на Фејсбук, се заблагодари на честитката на францускиот претседател.

„Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски“, наведува Силјановска Давкова.

Воедно, додава таа во објавата, „како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе