Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Компетитивни, со почитување на основните права и добро спроведени, но со непријателска и националистичка реторика, со етнички поделби во кампањата е првичната оцена на набљудувачката мисијата на ОДИХР за вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

Нашата мисија забележа потпалувачка и дискриминаторска реторика со употреба на националистички слогани. Во неки случаи обвинувањата кон политичките партии воочивме дека се однесуваат кон пошироките етнички заедници, изјави Џилијан Стирк, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР во Македонија.

Но освен забелешки за реториката во изборните кампањи, странските набљудувачи дадоа забелешки и за законската регулатива, која овозможува одржување на демократски избори, но со неконзистенсност, празнини ја компромитира зеконската сигурност.

Транспарентноста и отчетноста на финансирањето на кампањата се поткопани од минималната обврска за финансиски извештаи и со лимитираните капацитети на надзорните тела, вклучително и за мониторирање и злоупотреба на административните ресурси. Властите, вклучително ДИК и Уставниот суд, не секогаш адекватно одговараа на жалбите поврзани со изборната кампања, навремено и на транспарентен начин, ограничувајќи ја ефективноста на правните лекови, рече Николоз Самхарадзе, шеф на краткорочните монитори на ОДИХР.

Забелешки дадоа и за непостапување и по досегашните препораки на ОДИХР, Советот на Европа, Венецијанската комисија како што е избирачкиот список, но и препораката Изборниот законик да не се менува непосредно пред избори, туку тоа да се прави на поголем временски период пред избори.

40 проценти излезност, потребни во вториот круг од претседателските избори, бараат итни реформи за да се избегнат циклуси на неуспешни избори, што овојпат за среќа беше надминато, порача Алфред Хеер од мониторинг мисија на ПССЕ.

Странските набљудувачи констатирале и дека голем број од граѓаните не гласале на претседателските избори. Тие ги повикаа избраниот претседател и сите политички партии да го решат овој проблем.

Изборите, како што наведоа првите луѓе на набљудувачката мисија составена од ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на ОБСЕ и Европскиот парламент, констатираа дека изборите биле спроведени во многу важен период за Македонија за спроведување на понатамошни реформи, упатувајќи порака до идниот собраниски состав дека тој ќе ја има клучната улога во спроведувањето на неопходните реформите кои ќе го отворат патот до полноправно членство на земјата во ЕУ.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе