Вести Свет Топ вести

Крвопролевањето продолжува, делегациите ги напуштија преговорите – Израел и Хамас без договор во Каиро

Израел утрово почна нови артилериски напади врз Рафа, откако преговарачките тимови ги напуштија мировните преговори во Каиро без да постигнат договор.

Палестинското движење Хамас претходно соопшти дека Израел го отфрлил предлогот на посредниците за прекин на огнот во Газа.

„Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека преговорите меѓу Израел и Хамас се суспендирани, меѓудругото и поради воените операции во Рафа.

Хамас во понеделникот соопшти дека се сложил со условите за примирје во три фази од 42 дена што го предложија египетските и катарските посредници. Тоа требаше да опфати ослободување на израелските заложници и прекин на непријателствата во Појасот Газа.

Израелските одбранбени сили во вторникот влегоа во Рафа во рамки на  наводна антитерористичка операција и презедоа оперативна контрола врз граничниот пункт Керем Шалом. Операцијата се водеше среде тековните напори на посредниците да ги доведат двете страни во војната во Газа до договор за прекин на огнот во замена за ослободување на израелските заложници. Пречка засега е барањето на Хамас за Израел да даде гаранции целосен прекин на војната во Појасот и повлекување на воените единици од терен.

Израелското раководството е подготвено за привремен прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците, но не отстапува од намерата за остварување на сите зацртани цели во војната, меѓу кои се целосна елиминација на борбениот и политички капацитет на палестинското движење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе