Вести Свет

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе