Вести Македонија

Советот на родители во ОУ „Димо Хаџи Димов“ вечерва ќе има вонредна средба на родители-ќе одлучуваат за насилниот ученик

Надлежните сè уште без решение што понатаму со 14-годишниот осмооделенец од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ кој пред неколку дена нападна наставничка и соученици. Надлежните најавија дека тој ќе биде префрлен во друго училиште, а родителите се заканија со бојкот на наставата додека не се направи трансферот. Родителите раскажуваат дека нивните деца сè уште се вознемирени од инцидентот и насилството и дека сликите од дивеењето останале запаметени кај нив.

Oд Установата за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми кои се задолжени за него велат дека тие како установа ги преземале сите мерки по случката.

Како што веќе информиравме, во понеделникот, за време на големиот одмор 14-годишникот почнал да фрла предмети по училници во училиштето, физички ги напаѓал ученичките, а децата преплашени се криеле под клупи. Во обид да го спречи насилството и наставничката по географија била нападната. Од училиштето го известиле МВР и бил испратен тим на малолетничка полиција кои едвај го совладале, а тој продолжил со закани. Во училиштето била повикана и екипа на Брзата помош заради повредите на наставничката која потоа била префрлена на преглед во Градска болница „8-ми Септември“.

За надминување на проблемот и наоѓање на решение вечерва ќе има вонредна средба на совет на родители. Телма разговараше со дел од родителите и тие се надеваат дека проблемот набрзо ќе биде решен.

„Случајот со ученикот е пријавен во полиција, но детето има 14 години и не може ништо да се преземе. Не е прв пат да имаме проблеми со него, но бидејќи е заштитен од институциите не можеме да издејствуваме. Детето речиси две години има старател од Битола и е запоставено од негова страна. Со тоа што се случи се загрозени и децата и наставниците. Ние ќе инсистираме да најдеме некое решение за доброто на сите“, вели Родител на ученик во ОУ „Димо Хаџи Димов” .

Од училиштето велат дека по случката ученикот веќе не посетува настава и е хоспитализиран. Детето е згрижено во групен дом во Капиштец, а неговиот старател живее во Битола.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе