Вести Македонија

МЗ: За случајот со Токсикологија ќе се постапи согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во Токсикологија, кој востанови дека 11 лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги и покрај тоа што биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование, Министерството за здравство (МЗ) со став дека за случајот со Токсикологија ќе се постапи, согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори.

Дали се почитува одлуката на ДСЗИ која е за поздравување не можам со сигурност да кажам, затоа што имам ноќно дежурство, па дури вечерва и утре би можел точно да знам, вели професор Беќаровски, но има уште еден проблем кој не е во надлежност на ДСЗИ, но е многу важен, во врска со административните работници на оваа клиника, смета Беќаровски.

„Тоа е околу административните работници кои што се исто дел од оваа група и проблемот е дека тие имаат контакт со медицинска документација, односно сите истории одат преку нив, а немаат никакви обврски, ниту законски да ги почитуваат тајните на пациентите кои се засегнати. И втора работа комплетната документација за сите вработени им е достапна, во секој момент можат да ја разгледаат, повторно не се вработени, немаат никаков договор. Таа може да биде злоупотребена како што гледавме дека во неколку наврати се злоупотребува“, проф. д-р Нико Беќаровски, Универзитетска клиника за токсикологија.

ДСЗИ претходно востанови дека станува збор пет медицински сестри, тројца болничари, еден лаборант и двајца биолози кои незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, по што Универзитетската клиника за токсикологија доби рок од пет дена да ги поправи утврдените недостатоци по што ќе следи нова контрола.

За најавата на Демири пред неколку дена дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, но дали по инспекцискиот надзор ќе ја разреши и организациската директорка Бесија Иљази која е на ова место назначена на ден пред формирање на техничката Влада и на работа оди со преведувачка, надлежното министерството со став дека во време на избори не може да има разрешувања.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе