Вести Свет

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година доколку не биде веднаш одобрена помошта за оваа земја, пишува „Политико“.

Говорејќи на настан во Претседателскиот центар Џорџ В. Буш, Бернс ги повика пратениците да го усвојат законот со кој ќе се посветат милијарди на воените напори на Украина.

Но, ако законот не биде усвое во Конгресот, „сликата е многу пострашна“, продолжи тој. „Постои многу реален ризик Украинците да изгубат на бојното поле до крајот на 2024 година, или барем да го доведат (рускиот претседател Владимир) Путин во позиција каде што во суштина тој би можел да ги диктира условите за политичко решение.

Според „Политико“ ова е веројатно најсилното предупредување од висок функционер на американската администрација досега во врска со војната. Изјавата доаѓа додека официјалните лица во Киев предупредуваат дека претстојната руска офанзива во текот на летото – која би довела масивни бранови на трупи кои ќе ја нападнат Украина – може да ги совлада киевските војници кои се борат за својата територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе