Вести Свет

Дождовите во Пакистан однесоа 36 човечки животи

Обилни дождови во Пакистан одземаа 36 човечки жртви, од кои најмногу земјоделци, соопштија властите во понеделникот и со тоа прогласија вонредна состојба. Несреќата се случи кога гром удри во земјоделците кои во тој момент работеа под отвореното небо и собираа пченица. Освен жртви, дождовите уништија и голем број на куќи.

Дожд го зафати и главниот град Исламабад, каде што загинаа 7 лица во текот на викендот, а 8 други загинаа во северозападната провинција, која се граничи со Авганистан.

Дождовите ги поплавија улиците во северозападниот град Пешавар и во Кета, каде властите и таму прогласија вонредна состојба. Премиерот Шехбаз Шариф изјави дека им наредил на локалните власти, да обезбедат помош во регионите погодени од оваа природна непогода. 

Рафај Алам, пакистански експерт за животна средина, рече дека: ,,Резервоарите за вода во Пакистан ќе се подобрат поради дождовите”. Истовремено изрази загриженост за смртните случаи и штетите.

Во минатото Пакистан, доживеа голема трагедија кога во 2022 година, дождовите поплавија една третина од Пакистан, убивајќи 1.739 луѓе. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе