Вести Свет

Херцог: Израел ги разгледува сите опции

Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Скај њуз“ изјави дека Израел по синоќешниот напад на Иран „ги разгледува сите опции“.

Ова е објава на војна. Сега, бидејќи сме воздржани и затоа што ги знаеме последиците, и затоа што размислуваме со нашите партнери, ги разгледуваме сите опции и јас сум сосема убеден дека ќе ги преземеме неопходните чекори за да го заштитиме и одбраниме нашиот народ. Ние не бараме војна, посочи Херцог.

Тој додаде дека синоќешниот напад е „само уште еден пример“ за тоа како функционира Иран, „ширејќи хаос, терор и нестабилност низ целиот свет“.

Време е светот да се соочи со оваа империја на злото во Техеран и да му стави до знаење на иранскиот режим дека тоа не може да помине, дека тоа е неприфатливо, истакна Херцог.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе