Вести Македонија

Нови 11 случаи на пертусис во Скопје за едно деноноќие – вкупниот број во главниот град се искачи на 158

Нови 11 случаи на Пертусис за само едно деноноќие потврди Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. За разлика од претходните денови кога најголем број на случаи беа во општините Аеродром и Карпош, сега веќе ги има во, речиси, сите скопски општини. Најголем број од новозаболените се деца на училишна возраст и со нецелосен вакцинален статус. Четириесет и осумгодишен маж кај кого е потврден пертусис е со непознат вакцинален статус. Вкупниот број на потврдени случаи во главниот град се искачи на 158.

Месец дена по прогласување на епидемија на голема кашлица во главниот град и дадените препораки на Комисијата за заразни болести да се забрани прием на невакцинирани и делумно вакцинирани деца во градинките, сè уште се чека ваквата одлука да стапи на сила. Па така, сиот изминат период во градинките непречено одат заедно вакцинирани, делумно вакцинирани и невакцинирани деца.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат чека и официјална потврда на писмено од министерот за здравство Демири да започне со вонредните инспекциски надзори. И покрај тоа што ДСЗИ е во истата зграда со Министерството за здравство писмената потврда патува, речиси, 24 часа и не се знае до кога ќе трае. За епидемиолозите доколку ригорозно не се спороведат мерките на Комисијата за заразни болести многу веројатно е да ескалира ситуацијата со големата кашлица.

„Во моментов на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани четири деца со потврден пертусис. Двомесечно бебе кое е невакцинирано, додека другите три се на возраст од шест месеци, девет месеци и две години. Сите три се со една доза на вакцина и со стабилна клиничка слика“, потврди за Телма директорот Јетмир Зибери.

На 15 март се очекува во земјава да пристигнат и првите вакцини против голема кашлица за возрасни. Тие ќе бидат наменети за возрасните кои живеат во семејства со деца под две години, вработените кои се во контакт со деца на оваа возраст и бремените жени во третиот семестар од бременоста.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе