Вести Македонија

Димитриевски во „Вин-Вин“: Влегов на избори за да победам, не само да учествувам, и ќе го сторам тоа

Во оваа борба влегувам да победам на избори, а не да учествувам на избори и тоа ќе го сторам, порача Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ за претседател на државата, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Ако ме прашате како, тоа ќе го сторам исто како што ги направив на локалните избори во Куманово – со нови луѓе во политиката, поддржани со луѓе кои што имаат искуство, со една нова енергија. Мене Куманово ме научи како да менаџирам. Јас тоа сакам да го спроведам на ниво на државата. Да, се согласувам дека претседателската функција не е клучна во државата во однос на извршната власт. Но, функцијата ја прави човекот, а не човекот функцијата. Доколку имате кој што ќе изгради авторитет на таа позиција, и тоа како претседателот е важна алка во оваа наша парламентарна демократија во која што секојдневно гледаме како извршната власт со камшик удира по законодавната“, истакна Димитриевски зад чија кандидатура, како што кажа, се потпишале граѓани од сите етникуми во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе