Вести Македонија

Струшкиот градоначалник Мерко нема да патува на судење до Скопје, предметот против него се сели во струшкиот суд

Градоначалник Рамиз Мерко ќе седне на обвинителна клупа во Струга,  ако струшкиот суд му го потврди обвинението, напишано во Скопје, според кое , во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка , набавил 4 возила меѓу кои и  аудито од речиси 67 илјади евра.  Кривичниот суд оцени дека не е надлежен да постапува за овој предметм чија истрага почна по една одредба од делото злоупотреба на службената положба  која била променета поради измените на Кривичниот законик.

-Судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член, пишува во соопштението од Кривичен

Обвинетиот и обвинителството имаат право на жалба  и ако се потврди одлуката на Кривичен наместо Мерко да доаѓа на судење во Скопје, предметот се сели во Струга.

А токму со помош на струшкиот суд,  Мерко ја го набавил луксузното возило реагираше антикорупциска уште лани. Судот  го зголемил минимумот на средства неопходни за функционирање на општината за да се купи скапото Ауди во 2017 година, иако претходните години тоа било одбивано. Антикорупциска поднела и претставка до Судски совет за тогашниот претседателот на судот но на претставката и се изгуби траг .

Мерко  беше ставен на црна листа, не само за вмешаност во корупција туку и за влијание врз судски и други процеси.

За него во моментот има десетина активни истраги,  дел застареа поради измените на КЗ.

А тие измени меѓународната заедница не ги заборава.  На денешната средба со државниот обвинител Коцевски, амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал се интересирал за ефектите од измени на Кривичниот законик врз предметите за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба.  Претходно оваа тема ја отворил и евроамбасадорот Гир на Средба со Коцевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе