Вести Македонија

Партиските кујни без нови зачини

Наместо програма и аргументи „за“, најголемите македонски партии заглавија во празни препукувања и навредливи изјави „против“ кандидатот на другите. Секојдневните прес-конференции од партиските кујни се со исти зачини и се разликуваат единствено по гардеробата што ја носат тие кои ги држат.

Официјално кампањата не е почната, но кандидатите се веќе растрчани на терен и по телевизиски гостувања. Силјановска-Давкова го придружува Мицкоски на конгресот на Европската народна партија, додека Пендаровски почна води кампања Лице во лице од селото Пласница.

Максим Димитриевски се сретна со правнуката на Гоце Делчев, Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски се активни на Фејсбук, како и кандидатите Албанци кои се пофалија со средбите со семејството Јашари од Косово.

И Бујар Османи и Арбен Таравари се сликаа со Рифат Јашари, брат на некогашниот командант на герилската ОВК, Адем Јашари.

Средбите на против-кандидатите се интересни, особено затоа што при минатогодишната расправа за реконструкција на владата, пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики откри дека нејзината партија, влегла во владата затоа што со такви барања се јавувале албанскиот премиер Еди Рама и семејството Јашари.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе