Вести Македонија

ВИДЕО: Дојде со црн пасат на партиски Конгрес, министерот Николовски тврди: лага е дека е службено возило

На Конгресот на СДСМ, министер за земјоделство Љупчо Николовски пристигна во црн пасат со затемнети стакла и со возач. Партиската активност не може да биде оправдување за користење на службени возила, а Николовски во имотниот лист има пријавено само возило рено клио.

На прашањето на Телма дали е вистина или не дека е забележан со службено возило како пристигнува на Конгресот, Николовски не објасни со чиј автомобил стигнал, туку негираше и бараше новинарите да му ја посочат регистерска табличка од автомобилот.

Министерот за земјоделие не спаѓа во групата функционери со постојана заштита како неговите колеги од владата, вицепремиерите и министрите за внатрешни работи, надворешни работи и одбрана, кои имаат 24-часовно обезбедување и службен превоз.

Во 2021-ва, кога беше вицепремиер за борба против корупција и кога имаше 24-часовно законско обезбедување со службено возило, обезбедена заштита, Николовски предложи, а владата донесе одлука за користење на службените возила за да се избегне нивна злоупотреба и возилата да се користат оправдано и наменски за потребите и улогата на оној кој ги користи возилата.

Тогаш беше наложено и секое министерство односно државна институција да изготви и да достави  до Антикорупциската комисија  регистар на службени возила, но кога денеска проверувавме на сајтот на ДКСК, за Министерството за земјоделие не можеше да се најде таков регистар.

Еве го прашањето на Телма и одговорот на актуелниот министер за земјоделство, Николовски.

Телма: Сте забележани дека на Конгресот на СДСМ сте дошле со службено возило. Дали е вистина тоа?

Николовски: И тоа е ноторна лага. Кај е доказот дека сум дојден со службено возило. Кај е доказот, ај баш да ги чујам регистарските таблички, сликите како или било кое видео кое што постои дека Љупчо Николовски на Конгресот на СДСМ дојде со службено возило.

Миомир Серафиновиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе