Вести Свет

Неколку жртви, десетина повредени, 100-тина евакуриани – Украина „удри“ на Санкт Петербург, Русија на Одеса

Резиденцијален кварт во Санкт Петербург ноќеска беше мета на напад за кој се сомнева дека стои Украина. Оштетени се две згради, повредени се неколку лица и евакуирани над 100. Засега нема информации за жртви. Според руските медиуми, можно е да станува збоор за соборен украински дрон насочен кон нафтен терминал во чија близина на експлозцијата се наоѓаат и клучни воени објекти во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е прв напад врз Санкт Петербург по повеќе од еден месец.

Во меѓувреме, Русија изврши напад со дронови врз Одеса. Едно од леталото, според украинските медиуми, завршило во станбен блок, пришто загинале четири ица, меѓу кои и дете, осум се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Претседателот Володимир Зеленски го искористи нападот за да упати нов апел со западните партнери на Украина да испратат оружје, муниција и технички средства за нејзината противвоздуѓна одбрана. Додаде дека, покрај Одеса, мета на руски напади со дронови од иранско прозиводство во текот на ноќта биле и Харков и областа Суми.

Во јавноста излезе документ од април 2022 година, кој, како што пишува Волстрит Журнал, бил изготвен од руски и украински преговарачи и покажува што имал на ум Путин во тоа време. Американскиот медиум наведува дека преговарачите од двете страни се обиделе да го прекинат конфликтот со претворање на Украина во „трајно неутрална држава која нема да учествува во воени сојузи“.

Според документот, Украина не треба да ја обновува својата војска со помош на Западот, воените сили на земјата да бидат сведени на минимум, а Крим де факто би останал под контрола на Русија.

Нацрт-мировниот договор требаше да го гарантираат странските сили САД, Обединетото Кралство, Кина, Франција и Русија. Во случај на прекршување на договорот, тие земји ќе имаа задача да ја бранат неутралноста на Украина.

Преговорите пропаднаа, а содржината на документот на 17 страници не беше објавена. Се досега. И тешко е да се верува дека би можеле да бидат обновени во блиска иднина, со оглед на, засега, тврдиот став на Киев и условување на преговари со напуштање на сите руски трупи од украинска територија.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе