Вести Свет

Најмалку 128 уапсени луѓе по погребот на Навални – најголем дел подоцна пуштени на слобода

Вкупно 128 лица беа уапсени во 19 руски градови по погребот на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални за кого се сомнева дека беше убиен во затвор на Арктикот на 16 февруари по налог на Путин. Најмалку 18 лица беа приведени во Новосибирск, 17 во Москва, по 10 во Екатеринбург и во Вороњеж.

Најголем дел од приведените подоцна биле пуштени на слобода. Ожалостените во Москва им пркосеа на властите со скандирање на барања „Русија без Путин“ и за крај на војната во Украина.

На погребот на Алексеј Навални, вчера во Москва, присуствуваа илјадници луѓе и покрај предупредувањето на руските власти дека собирата се забранети.

Навални беше погребан на Борисовските гробишта кои се наоѓаат во близина на куќата во која живеел како дете. Церемонијата се одржа под засилени полициско присуство и мерки на безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе