Македонија

Македонија пат: Патиштата се проодни, возачите да користат зимска опрема

Зимската служба на „Македонија Пат“ е на терен и во моментов сите пати правци се проодни, со забрани за тешки товарни возила на неколку правци и на граничниот премин Ќафасан. Екипите на државната „Македонија Пат“, почнале со работа уште во текот на ноќта кога превентивно патните правци се посипувале со сол и ризла а од утрово и со расчистување на снежните наноси. Интервенции имало кај Граничниот премин „Ќафасан“ поради возачи на камиони кои не ја почитувале забраната но и на автомобили кои немале зимски гуми.

Директорот на „Македонија Пат“ Костадин Ацески, уверува дека сета расположива механизација на компанијата и на фирмите со кои е склучен договор е на располагање и дека нема да има застој во сообраќајот.

Компанијата располага со 170 возила, од кои 105 се трети лица односно надворешни фирми кои се ангажирани со рамковна спогодба која според проценките на раководството ќе тежи најмногу 1,2 милиони евра затоа што подоцна се склучени договорите и ќе имаат намален обем на работа. „Македонија Пат“ опслужува 37 зимски пунктови, за 35 се обезбедени дополнителни машини за чистење на снег но за два пункта Плетвар и Пресека немало заинтересирани надворешни компании и тука се користат машините на државната компанија.

Проблем во „Македонија Пат“ е бројот на вработени и стручни лица кои можат да излезат на терен бидејќи недостасуваат неколку стотини кои во изминатиот период се пензионирале или си заминале од државната компанија.

Интензивните врнежи снег ќе продолжат до утре попладне а од „Македонија Пат“ апелираат возачите да користат зимска опрема и да возат според условите на патот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе